Овогодишниот транзит на Венера беше искористен за некои
пософистицирани мерења кои ги направија Зоран Милчевски,
Владо Николовски и Александар Атевиќ како екипа на Скопското
Астрономско Друштво.
Цел беше да се одредат
најточно што е можно точните времиња на контакт или допир на
дисковите на Венера и Сонцето. Тие податоци понатака се
испраќаат во Европската Јужна Опсерваторија ESO при што се
добиваат вредности за астрономската единица.
1. Методот кој го
применивме е инспириран од книгата “Астрономија практични
трудови” од Александар Томиќ, но драстично изменет.
Постапката во себе содржи фотографирање на самиот процес на
транзитирање кој траеше околу 6 саати. Мерењата се вршеа во
с. Волково, Скопско, со географски координати
f=42o
1,949’
l=21o
20,428’
Фотографскиот апарат (Канон
3) се поставува на местото на окуларот на телескопот со
помош на специјален прстен кој овозможува стабилно
позиционирање. Телескопот е шест инчен (150 мм) рефрактор,
Целестрон со фокусно растојание од 1200 мм, а филтерот кој
се користи е Бадер фолија. Како најдобра солуција за филм
одбрани се Фуџи со брзина 100 АСА. Поради временските услови
не бевме во можност да фотографираме последователно на секои
2-5 минути, па во нашите податоци недостасуваат слики за
одредени временски периоди. Исто така треба да нагласиме
дека поради крајно променливото време (сончево, доумерено
облачно, целосно облачно, умерена и силно врнежливо) и
квалитетот на сликите страдаше во некој степен поради
постојаната промена на сјајот на Сончевиот диск. Самиот
телескоп има следење, а монтажата е екваторијална, што значи
дека е погодна за долготрајни фотографирања. Значи првиот
дел од методот е самото фотографирање. Се запишува времето
на фотографирање со точност од 1 секунда. Точноста на
часовниците се калибрира со GPS.
2. Откако ќе се развијат
филмовите се пристапува кон анализа на сликите. Фотографиите
ги добивме во дигитална форма. Затоа анализата беше со помош
на некој обичен програм за обработка на слики. Имено, се
чита најмалата и најголемата координата на лимбот, по x и y
оската, како и координатите на Венера (центарот на дискот ).
Според тоа се пресметуваат координатите на центарот на
Сонцето и неговиот радиус. На следната табела во првата
колона дадено е времето на фотографирање како координирано
универзално време (два саата разлика со средноевропското
летно време). Во втората, третата , четвртата и петата
колона дадени се минималните и максималните вредности на
лимбовите на Сонцето по хоризонталниот и вертикалниот правец
во пиксели. Со x’ и y’ се означени
колоните на положбите на Венера, во пиксели. Колоните со
ознака X0 и Y0 означуваат положба на центарот на Сонцето по
x и y оските, додека во R колоната се претставени вредности
на радиусот на Сонцето во пиксели.
3. Потоа, за олеснување на пресметките
положбата не Венера се пренесува (транслира) во нов
координатен систем со координатен почеток во центарот на
Сонцето. Новите координати се означени со
x_
и
y_.
На крај овие координати се поделени со радиусот на Сонцето и
со тоа сите положби на Венера може да се пренесат на еден
ист график т.е. во ист координатен систем. Дали ваквата
трансформација е исправна? При фотографирање на небесен
објект со неподвижна камера при долготрајни експозиции се
појавуваат траги во насока на дневната или небесната
паралела. Значи, доколку го фотографиравме Сонцето со
фотографски апарат монтиран на азимутална монтажа, и покрај
тоа што може да се следи Сонцето (да биде во центарот на
видното поле или во центарот на филмот) наклонот на дневната паралела
спрема хоризонтот (поточно, алмукантрата
c)
ќе се менува (постојано се опаѓа, па потоа постојано ќе
расте). Ликот ќе биде завртен за 15° при следење од 1 час, или за 90°
при следење од 6 часа. Но, при употреба на следење со
екваторијална монтажа тие проблеми исчезнуваат. Апаратот
исто така не треба да се вади и ротира во своето лежиште. Затоа
не се потребни аголни корекции во трансформацијата.
4. Следна задача е да се
фитува зависноста на y од x координатата. Заради поголема
точност фитуваме две криви, со тоа што првата е добиена од
првите десетина вредности и од неа извлекуваме информации за
првите два контакта, а од втората крива ги добиваме третиот
и четвртиот контакт. За тоа цел искористен е MS Excel кој
поседува вградени процедури за фитување. Исто така се фитува
зависност на x
координатата од времето t
Равенките се
Според тоа решенијата се: