|
1 2
ИЗВЕШТАЈ ОД НАБЉУДУВАЊЕТО НА
СОНЧЕВОТО ПОМРАЧУВАЊЕ Се набљудуваше од градскиот парк во Битола во одлични временски услови. Во текот на целиот настан времето беше сончево, со само мал број на облаци, и мали налети на ветер. Првиот контакт беше забележан во 11h34m. Оваа вредност е сигурно неточна, поверојатен е прв контакт околу 11h31m. Околу 12h30m забележително е опаѓање на осветленоста. За жал не вршевме мерење на осветленоста и температурата со инструменти, па немаме објективни податоци. Четвртиот контакт е забележан во 14h01m. Мерењата се дадени во локално време. Направени се голем број на фотографии со камера фиксна во однос на хоризонтот, па очекуваме дека после обработката на податоците ќе добиеме попрецизни вредности за времето на контактите и максималната фаза. Исто така, се очекува да се добијат и вредностите на позиционите агли на точките на контакт. При фотографирањето е користен телескоп рефрактор со f=900mm, D=60mm со Mylar филтер поставен на објективот. Користен е окулар со f=20mm, а директно на окуларот е додадена дигитална камера со CMOS детектор со резолуција од 2М пиксели. Сите фотографи се со резолуција од 1600 x 1600 пиксели. (30.03.2005.)
|
Neke zanimljivosti u vezi pomračenja Pomračenja do 2081. godine - tabela pomračenja Sunca do 2081. koja će se videti iz naših krajeva. Totalna pomračenja do 2020. - grafički prikaz. Verovanja - narodna verovanja o pomračenjima. Zanimljivosti o pomračenjima, Pomračenja za istoriju - pomračenja Sunca koja su ušla u istoriju |